И украл на жената 5 милиони фунти да го купи Портсмут, сега ќе лежи 5 години затвор

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Портсмут Сулејман Ал Фахим е обвинет дека и украл на својата сопруга 5 милиони фунти за да го купи клубот.

Сулејман Ал Фахим, бизнисменот кој го поседувал клубот само шест недели во Премиер Лигата во 2009 година, сега е осуден на казна затвор во траење од 5 години од Кривичниот суд во Дубаи, каде и ќе ја извршува затворската казна.

Во извештајот се вели дека неговата сопруга отворила сметка во 2009 година со фиксен депозит и, кога проверила дали има било каква добивка во 2011 година, открила дека парите биле префрлени на адвокатска фирма од Велика Британија за финансирање на договорот во Портсмут.

Во времето кога стана сопственик на Портсмут, Ал Фахим оптимистички зборуваше за изградба на нов стадион до 2015 година и клубот да стане првак во Премиер Лигата.

Клубот од тогаш промени уште неколку други сопственици и испадна во неколку рангови подолу.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.