И покрај славата живеел скромно – музичкaта легенда Оливер Дагојевиќ денеска слави роденден

Легендарниот хрватски музичар и еден од најомилените пејачи на Балканот, Оливер Драгојевиќ денеска слави 70-ти роденден.

Се родил во Сплит на 7. декември во 1947 година, а детството го поминал во Велика Луца на Корчула. Музичарот во музиката се заљубил уште какодете кога татко му му подарил усна хармонка. Но, не отсекогаш сонувал да стане пејач.

-Кога бев мал бев сиромашен, а со мене на училиште одеше синот на месарот.

Една девојка Хајди се заљуби во него, бидејќи ѝ носеше шницли. Затоа сакав да бидам месат, да ѝ донесам барем полнети пиперки-изјавил Оливер.

И покрај славата која брзо ја стекнал со своите хитови, Оливер секогаш живеел скромно во својата куќа на море, далеку од гламурот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.