Бекс и нејзиниот маж Мартин биле неверојатно возбудени кога разбрале дека ќе имаат ќерка. За време на бременоста се изгледало во ред , меѓутоа, во петтиот месец дошол болен момент. За време на прегледот, докторот забележал дека бебето има проблеми со срцето. Морале да направат царски рез затоа што срцето на бебето престанало да чука. Бебето било извлечено мртво од стомакот.
Мајката почнала да вришти, очајна поради губењето на своето чедо. Меѓутоа, само 8 минути подоцна се случило вистинско чудо!
Лекарите се труделе да направат се што можат и успеале!
Успеале да го реанимираат бебето, а потоа го префрлиле на интензивна нега. Ниту лекарите не можеле да поверуваат дека успеале! Сето тоа изгледало како сцена од научно-фантастичен филм.
Девојчето го добило името Вилоу, а родителите од час во час, од ден во ден, се надевале дека таа ќе зајакне.
“Таа не плачеше со недели затоа што имаше толку многу цевки во грлото што не знаеше како да заплаче”, рекла мајката.
После некое време поминато во инкубатор, телесната температура на бебето се стабилизирала па не дошло до оштетување на мозокот.
После година ипол, со малата Вилоу се’ било во ред.
“Таа се опоравуваше неверојатно брзо! Ни беше речено дека можеби ќе има пречки во развојот, но сепак добро и оди. Сега е едно здраво и среќно бебе”, рекол таткото.
A/Г/