“И законот за стечајци излезе слатка лага!?”

Надежта дека ќе добијат финансиска помош од државата за многу стечајци ќе остане само надеж, пишува порталот “Брегалнички.мк

Од над 600 стечајци од Штип колку што се пријавиле за државна помош, истата, како што пишува порталот, ќе ја добијат едвај 10.

Иако се донесе закон за стечајците со кој требаше да бидат опфатени речиси сите стечајци со нерешен егзистенционален статус, сепак за многу од нив до тоа нема да дојде. До камен на сопнување дошло при подготвување на документацијата. Па, така многу од стечајците заглавиле во правните лавиринти.  На други пак им било ветувано дека ќе добијат помош но без да го проучат законот и без да им биде кажано дека според него нема да бидат опфатени. Една од причините се наведува и персоналните недоразбирања со водачот на стечајците Лилјана од Куманово, која како што кажуваат засегнати лица вршела персонални дискриминации и се дрзнувала таа да го составува списокот за тоа кој да добие а кој не парична помош од државата, додаваат од порталот.

Очигледно е дека стечајците надевајќи се на конечно решение добија уште една лага плус во нивната битка за егзистенција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.