Ице Соколески од денеска асистент во битолскиот суперлигаш “Еурофарм”

Доскорешниот тренер на Р.К. “Прилеп” Ице Соколески својата кариера ја продолжува како асистент во битолскиот суперглигаш “Еурофарм Работник”.

Во Битола Соколески ќе му асистира на Илија Темелковски.

Соколески во новата средина се најде после откажувањето на Р.К. “Прилеп” од суперлигашки ракомет и покрај тоа што има најави дека клубот сепак ќе продолжи да игра во највисокото по ранг ракометно натпреварување. Сепак, покрај тоа што клубот остана без голем број играчи, сега останува и без тренерот.

Соколески во изминатите 7 години максимално се вложи во формирањето, развивањето и напредокот на ракометот во Прилеп, а беше дел и од сениорскиот стручен штаб на ракометната репрезентација под палката на Лино Червар.

Тој заедно со Илија Темелковски ја предводеа и јуниорската репрезентација на Светското првенство во Алжир минатата година.

Соколески исто така секоја година е дел и од летниот ракометен камп “Кирил Лазаров 7”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.