Истерајте ги комарците од својата соба само со едно овошје

komarec

Oва овошје освен тоа што има широка намена за подобрување на здравјето и најмногу се консумира при настинка, може да ви помогне и во летниме месеци кога комарците ви пречат во сонот. Се работи за лимонот кој е многу ефикасен во „борбата“ со овие досадни инсекти.

Земете еден лимон и пресечете го на четири дела. Ставете го во чиниче, посолете го и оставете го на ноќното масиче покрај вашиот кревет. И така секоја ноќ.

Лимонот ги одбива бубачките, вклучувајќи ги и комарците, па така ќе ве спаси од зуењето, чешањето и убодите од нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.