Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплати 4 милијарди 174 милиони денари пензија за месец мај.
Од Министерството за финансии информират дека денеска се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните 5 месеци во висина 118,2 милиони денари.
Исто така, денеска Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.