Првата жена Претседател на еден фудбалски клуб во Македонија ветува голема посветеност и вложување на многу енергија во фудбалскиот клуб Победа.
Ирена Јакимоска која неодамна беше избрана на функцијата Претседател на прилепскиот прволигаш, гостуваше во спортската емисија “Полн погодок” на “ТВ Сонце” и ги истакна своите планови и својата визија за иднината на клубот.
Во продолжение проследете ја целата емисија и дознајте што се’ се планира за ФК Победа.