Kaко што известивме пред два дена, така и се случи!
Емил Јанески e новиот директор на ЈКП Водовод и канализација во Прилеп. Јанески е именуван денеска од страна на новиот градоначалник на општината Илија Јованоски и доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Николоски.
Пред новиот директор стојат еден куп предизвици и реализирани инвестиции во ова претпријатие на кое како ќе одговори, ќе видеме во иднина.
Прочистителната станица, водоснабдување како во минатите години, инвестиции во населените места се крупни проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да продолжат.