Петнаесетина членови на ДЛУП (Друштво на ликовни уметници Прилеп ) ќе се претстават на групна изложба што ќе биде отворена во петок 19 мај 2017г. од 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“.
Уметниците членови на Друштвото ќе презентираат дел од сопственото творештво што го создале изминатиот период.
За првпат изложбата на ДЛУП е поддржана од Министерството за култура.