Изложба,,Ченто – биографија низ фотографии,,

ЧЕНТО - 2

Изложбата ,,Ченто – биографија низ фотографии,, ќе биде отворена во понеделник, 24 јули во 20 часот во ликовната галерија од ЦК,, Марко Цепенков,,во Прилеп. Изложбата е проект на Заводот и Музеј Прилеп, а автор е историчарот Рубинчо Белчески, кустос советник. На 20 банери со фотографии, документи, мисли, делови од говори на Ченто, ќе биде претставен неговиот лик и дело.  Изложбата содржи преку 250 елементи, од кои околу 200 фотографии, 15 документи, 15 различни делови од  говори на Ченто, мисли,  негови текстови, како и преку 30 фотографии од споменици, бисти, ументички дела, монети, поштенски марки, восочна фигура со ликот на Ченто.

-Изложбата ,,ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА”, содржи хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел на гледачот, растоварен од читање на долги текстови, да му овозможам, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО и после смртта”. Проектот го реализирав истражувајќи низ Прилеп и низ Република  Македонија и притоа во голема мерка ми помогна семејството на ЧЕНТО, особено, синот Илија Андонов – Ченто и ќерката Марија Јакимоска, на кои им изразувам голема благодарност за соработката – вели авторот Белчески.

Изложбата е по повод 60 години од смртта на Методија Андонов Ченто (24 јули), и 115 годинишнината од неговото раѓање (17 август)..

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.