Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 45 минути во Прилеп на локалниот пат село Костинци-село Зрзе, кај местото викано Бојаник, 23-годишниот М.П. од Тетово, управувајќи моторцикл „Хонда“ со тетовски регистерски таблици, изгубил контрола над истиот и излетал од патот.
Во незгодата истиот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Прилеп бил префрлен во Ургентниот Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата во Прилеп.
Се работи на целосно расчистување на случајот.