Страшна сообраќајна несреќа се случила во 19 часот и 15 минути на патот Прилеп–село Оревоец, кога 50-годишниот Љ.С. од Прилеп управувајќи моторцикл „Сузуки“ без регистарски таблици, излетал од коловозот.
Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и тоа фрактура на череп и внатрешно крварење, а по укажаната лекарска помош во Општата болница во Прилеп е префрлен во Ургентен центар Скопје.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.