Натпреварувањата на кои се избира “Мис на затворот”, станаа вистински хит во Бразил, Колумбија, Русија и Литванија
Еден од најдобро чуваните затвори на светот се наоѓа во Рио де Жанеиро и во него се наоѓаат најопасните женски криминалци во Бразил. Еднаш годишно на затвореничките им е дозволено своите униформи да ги заменат со високи потпетици, гламурозни фустани и да се натпреваруваат за избор на мис.
Целта на овие манифестации е да се зголеми самодовербата на женските затвореници, но и тогаш се под будно око на стражарите.
Во средата 10-тина жени прошетаа по модната писта во “Талавера Брус”, oткако се средиле и дотерале со нови фризури и шминка. Нив ги бодреле 440 луѓе, меѓу кои биле нивните роднини, но и други затворенички.
Овогодишна победничка е Мајана Алвес (29) која имала 7 налози за апсење, а во затвор е од 2015 година, пренесува Дејли Мејл.
-Сите се многу задоволни што денес се со своите семејства. Само би сакала да можев да ја освојам и слободата, па да можам да си заминам од овде, рекла таа.
Минатата година победила Мишел Рендел (28) која во затворот е поради трговија со дрога.
-Во овој момент не се чувствувам како да сум во затвор. Мојата душа е слободна, рекла таа.
А/Г/