За настаните од 27 април одговорност мора да има. Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно да одговара, но одговорноста не смее да се генерализира. Мора да се почитуваат човековите права, презумпција на невисност и да се внимава на квалификациите на кривичните дела, истакна во своето обраќање до граѓаните претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
-Ја поддржував и сега ја поддржувам граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која повеќе од 2 ипол месеци на мирен и достоинствен начин ја искажуваше грижата за националните интереси на Република Македонија. Граѓанте кои се сплотија и ја демонстираа идејата за заедништво не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација, нагласи Иванов.
Претседателот истакна дека до него секојдневно пристигнувале информации и загрижен е за политичкиот реваншизам што е видлив, како што рече, на повеќе нивоа.
-Со ова се внесува страв и несигурност што доведува до состојби на тензии и политичка дестабилизација. Во услови кога нè очекува исполнување на многу преземени обврски за консолидација на општеството, како и на патот на европската и евроатланската интеграција, целата енергија треба да е фокусирана кон градење консензус за национален дијалог и исполнување на реформите. Со реваншизам и демонстрација на сила се генерализира поларизација на опшштетството, состојба во која не можеме да очекуваме напредок во реформските процеси. Повикувам на разумно и одговорсо однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија. секој е одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми, граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните. Нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскиот судир. Секогаш кога сме биде поделени други не окупирале, раселувале, преименувале и однародувале, нагласи претседателот Иванов.