Коњаницата “Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче”, вечерва помина низ улиците на градот херој. Неколку стотина граѓани со аплаузи и песна ги пречекаа илинденците пред спомен комплексот “Карпалак”, од каде заедно со нив се придвижија кон споменикот “Прилепски бранители”.
Пред коњаницата се движеа членовите на македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев – Ќосето” oд Прилеп, кои ги испратија коњаниците кон последната фаза од нивниот долг поход.
Од Прилеп коњаницата составена од десетина јавачи се упати кон Кривогаштани, а од таму до славното Крушево, каде ќе се приклучи кон празнувањето на најголемиот национален државен празник Илинден на втори август.
Александар Георгиоски