Претпладнево избувна пожар во објектот на поранешниот ноќен клуб “ТHE END” во центарот на Прилеп.
Фотографиите ни ги испрати наш редовен читател, а од нив се гледа дека противпожарната единица Прилеп интервенира со две возила на објектот.
За сега не се познати точните причини кои го предизвикале избувнувањето на пожарот.
Изминатите денови зачестија ваквите случки во градот. Пред два дена пожар избувна во стариот хотел “Липа”, а вчера гореше и полето во близина на новите гробишта на градот, при што изгореа 3 викендици и над 100 декари трева, бор и нискостеблеста шума.
Повеќе на следните линкови: