Дури и во нехристијанските култури убаво декорираното дрво симболизира почеток на новата година. Но, се поставува прашањето зоште луѓето почнале да украсуваат елка за Божиќ и Нова Година?
Украсувањето на елката на оној начин како што тоа го правиме денес за прв пат се појавило на територијата на Германија, каде што во средниот век за Божиќ се украсувала елка со јаболки, а во западниот дел на денешна Германија дрвото се украсувало и со колачиња во различни облици и свеќи кои го симболизирале Исус Христос како вечна светлина.
Во наредните векови, овој обичај се проширил низ цела Европа, а во Англија за прв пат во 1841-та година се појавила елката украсена со бомбони, хартиени цвеќиња, панделки и мали подароци. Најпрво украсувањето на дрвото било поврзано за највисоките слоеви во општеството, но многу брзо сите го прифатиле овој обичај.
Доселениците од Германија овој обичај го претставиле на тлото на Америка, а Азија за новогодишната елка дознала од мисионерите.
Сепак, постојат голем број теории за тоа од кој обичај потекнува украсувањето на елката. Најчесто се врзува за симболизмот на дрвото во обредите пред појавата на христијанството, посебно за приказната за Дабот на Јов, што било свето стебло според древното германско племе Хата.
Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифициј, кој подоцна е прогласен за свеетец, во 723 или 724 година исекол едно од овие стебла за на паганите да им ја покаже супериорноста на христијанството над нивната религија – недостатокот на реакција од паганските богови би требало да им покаже дека треба да ја отфрлат својата религија и да го прифатат христијанството.
Тој успеал во тоа и моментот што е опишан со оваа легенда обично се смета за клучен за покрстувањето на Германите.
Обожувањето на дрва било мошне често меѓу европските пагани и воглавно тоа го преживеало нивното прифаќање на новата религија.