За ова дете зборува целиот свет: Се жалеше дека го малтретираат на училиште, но сега приказната доби шокантен пресврт (ВИДЕО)

Веќе три дена во САД сите ја пренесуваат приказната на малиот Китон Џонс, кој плачејќи на видео снимка објаснуваше како го малтретираат на училиште.

Снимката ја објави неговата мајка, која сакаше да укаже на насилството во училиштата, а самиот Китон доби неочекувано голема поддршка, а се огласија и многу познати личности.

-Зошто ме мачат, која е поентата? Зошто уживаат кога се злобни кон невините луѓе? Тоа не е во ред. Се подбиваа со мојот нос, ми кажаа дека сум грд и дека немам другари… Ме истурија со млеко, ми ставаа шунка во панталоните и фрлаа леб на мене, раскажуваше Китон.

-Зошто тоа ми го прават само на мене? Луѓето се различни не треба да се критикува поради тоа, затоа што тоа не е нивна кривица. Ако тоа веќе го исмејуваат, не треба тоа да те допре, заклучува тој во видеото, заклучува тој во видеото.

Поради овој случај се огласи и Стипе Миочиќ, ММА ѕвезда.

-Китон, ти го чувам грбот. Се спремам за мојата следна борба, но само кажи и одма доаѓам. Дојди и биди дел од мојот тренинг камп. Знај дека не си сам, напиша Миочиќ на Твитер.

Детето доби поддршка и од Леброн Џејмс, УФЦ шампионите Даниел Кормијер и Тајрон Вудли, музичката ѕвезда Џастин Бибер, Кејти Пери и многу други.

Борачот Џо Шилинг отиде чекор понатаму. Го контактираше лицето кое собира пари за Китон, но го дочека непријатно изненадување. Се покажа дека се работи за лажен профил, иако Шилинг мислел дека комуницира со мајката на детето.

-Оваа личност треба да се уништи затоа што собира добротворни средства за Китон. Тоа може да биде и лажен профил зад кој стои неговата мајка, напиша Шилинг и објави преписка од расправата, во која личноста со лажен профил има и некои расистички коментари.

 

Профилот отворен на страната со собирање средства „GoFoundMe“ потоа е затворен, а наводно се собрани повеќе од 60.000 долари. Затворен е и друг профил поради сомнение за измама.

Кога медиумите почнале да го истражуваат семејството на малиот Китон, почнале прозивки кон неговата самохрана мајка поради расизам. Знамињата од американскиот Југ од времето на граѓанската војна се многу јасен показател за расизам, а баш такви разни семејни фотографии со такви знамиња се пронајдени на социјалните мрежи.

 

Постарата сестра на Китон тврди дека нејзината мајка не контактирала со Шилинг и дека не барала никакви пари.

-Не баравме, ниту планираме да бараме било какви пари, вели таа.

Мајката Кимберли кажа дека таа не стои зад спорниот профил. Исто така, таа истакна дека од приватниот Фејсбук профил ги тргнала спорните фотографии и дека снимката настанала кога нејзиниот син барал од неа да дојде по него во училиштето, затоа што се плашел да оди на ручек.

Директорот на училиштето кажа дека тој инцидент е заклучен пред неколку недели, но на американските медиуми се јавиле и други родители чии деца одат во истото училиште и се пожалиле на насилство.

Иако американската јавност за краток период застана зад малиот Китон, сега има сомнежи дека станува збор за измама околу собирање на донации и можните контроверзни ставови на неговата мајка околу расните прашања ја закомплицираа оваа приказна. За жал, проблемите на детето паднаа во втор план.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.