Лесно може да се склопи и да се пресели на нова локација, или да се зачува за подоцна
Монтажната куќа која се склопува за речиси 6 часа чини помалку од 29.000 евра и можеби претставува иднина за живеењето, со оглед на тоа дека за кратко време можете да изградите нов животен простор.
Оваа куќа според потребата може и да се сели, и тоа откако ќе биде изградена. Зад оваа неверојатна иновација под име M.A.Di Home стои компанија од Италија, а нејзиниот креатор е прочуениот архитект Ренато Видал.
Доволни се тројца луѓе за од деловите да состават прекрасна куќа, а за тоа им се потребни 6 часа. Во зависност од големината на квадратурата која ќе ја посакате, цената се движи од 29.000 за куќа од 27 квадрати до 62.000 евра за 84 квадрати.
Важно е да се напомене дека ваква куќа може да се изгради на било кое место, без притоа да се конструираат бетонски темели.
Основниот модел вклучува опремено купатило, кујнска и техничка инсталација, а испораката е во рок од 60 дена од составувањето на конечниот цртеж.
Сликите од внатрешноста покажуваат елегантен дизајн кој изобилува со простран отворен простор.
Во видеото можете да видите и забрзан приказ на градење на овој модерен дом, кој за миг се претвора во конечниот производ.
Погледнете го видеото:
А/Г/