Во Кањон Сити, центарот на Округот Фримонт во американската сојузна држава Колорадо, се наоѓаат дури 13 затвори со вкупно 7.600 затвореници, па поради тоа овој крај е познат и како “Prison Valley”, односно Долина на затворите. Убедливо најозлогласена устанува е “ADX Florence”.
Од најдобро обезбедениот затвор во САД уште никој не успеал да побегне, па поради тоа е познат како “Алкатраз на Карпестите планини”. Тука затворениците се извршители на најтешки злосторства, кои, според зборовите на Норман Карлос, поранешниот директор на Управата за затвори – “BOP” “немаат никакво почитување кон човечкиот живот”.