На утрешната обраниска седница треба да бидат усвоени дополнувањата и измените на Кривичниот законик во делот на недозволена трговија со кои се предвидуваат казни за неовластена продажба на билети за натпревари и друг вид манифестации. Овие измени на Кривичниот законик, кои денеска без едногласно усвоени од страна на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, се носат во пресрет на одржувањето на натпреварот Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид на 8 август во Скопје во рамки на Суперкупот 2017.
Со измените се предвидуваат да се казни и тој што неовластено нуди, рекламира, продава, овозможува на друг продажба или посредува во продажба на билети за јавни спортски натпревари, јавни културни или друг вид јавни манифестации. Се додава и нов став со кој се предвидува дека обидот за ова дело е казнив.
Според членот 277 од Кривичниот законик, за тој што неовластено купува, продава или разменува предмети или стоки од поголема вредност, чијшто промет е забранет или ограничен, ако не постојат обележја на некое друго дело, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. За организаторите на препродавачки мрежи предвидени се парични казни или казни до три години затвор.