Зад себе оставил милиони и отишол да живее на пуст остров (ВИДЕО)

dejvid

Човекот кој бил милионер се одлучил да се одрече од сите животни задоволства и да го напушти градското секојдневие.

Бизнисменот и експерт за недвижнини големиот дел од своето богатство го загубил за време на падот на берзата во 1987. година. Повеќе пати се обидувал да го врати своето богатство, но по 10 години „кренал раце“ од цивилизацијата.

-Сакам тука и да умрам. Ова е мојот рај на земјата. Кога дојдов на островот бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето. Поради нив ми се распадна бракот, објаснува Дејвид во документарец за неговите 10 години живот на островот.

Тој вели дека некогаш му недостасува разговор со луѓе, но и оти би сакал да најде партнерка која би го посетувала неколку пати годишно.

Дејвид ја сака природата која го опкружува, но истакнува и на нејзината опасност. Вели дека може да се случи, ако се најдете во неволја на островот да нема кој да ви помогне, па смртта тогаш изгледа неизбежна.

-Ги сакам дивите животни, но можат да бидат многу опасни, истакнува Дејвид.

Тој бил роден во Сиднеј. Бил сопственик на компанија за ископување злато во Папуа Нова Гвинеја. Кога жената го напуштила ги спакувал куферите и го напуштил градскиот живот.

Благодарение на генератори и соларни панели, може да користи интернет, а еднаш годишно го напушта островот за да си обезбеди намирници за живот.

-Овде има змии, пајаци и крокодили, но е многу посигурно од други делови од светот, каде секојдневно се случуваат терористички напади, заклучува Дејвид Глашин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.