Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа четири автомобили утринава во 7:55 часот на патот Битола – Прилеп. Во несреќата учествувале Рено Твинго и Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици, објави порталот Шеталиште.
Во сообраќајката загина 19-годишниот Т. Ѓ од Битола, потврдил за порталот портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.
Во несреќата изгорело и возилото марка Мерцедес, а причините за истата сеуште се непознати.