ЗА НЕГО СЕ СПРЕМНИ ДА ЗАГИНАТ: КИМ ПОСЕДУВА ЦЕЛА АРМИЈА СНАЈПЕРИСТКИ

Северна Кораја има околу 200.000 специјалци, а посебно место имаат бригадите снајперистки. Оваа земја е четврта воена сила на светот. Повеќе војска имаат само САД (1.347.300), Индија (1.395.100) и Кина (2.183.000).

Не треба да се заборават и 5,5 милиони во резерва. Значи, точно 25% од населението на Северна Кореја е вклучено во армијата.

Ким Јонг-ун за воени потреби годишно троши 10 милијарди долари, дури 22 % од БДП. Можеби тоа е причината што повеќето од населението гладува, а војниците се единствените кои имаат сигурни дневни оброци. Најважниот дел на таа машинерија се специјалните сили. Северна Кореја има вкупно 200.000 специјалци, најмногу од било која друга земја на светот. Посебно место заземаат бригадите женски снајперисти. Ги има во секој род на војската, добро се обучени и делуваат во позадина како цивили.

Во нивните мисии спаѓаат и атентатите на важни воени и политички личности во Јужна Кореја. Севернокорејците го копирале советскиот модел од Втората светска војна, кога советските снајперисти биле страв и трепет за нацистичките војници. Људмила Павличенко била најуспешната снајперистка во историјата, убила повеќе од 300 нацисти, а надимакот и бил “Госпоѓа смрт”.

Се верува дека војската на Ким Јонг-ун изградила голем број тунели под демилитаризираната зона со помош на кои би влегле во Јужна Кореја. Сепак, војската на Ким не е најмодерно опремена, тенковите датираат уште од 60-тите години на минатиот век, а слична е приказната и со авионите.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.