ЗАЕВ ПИЕ ЧАЈ СО АЛБАНСКИ ЕКСТРЕМИСТИ ВО ЧАЈЏИЛНИЦА ВО САРАЕВО: Претставници на терористичката „Илирида“ се пофалија дека пиеле чај со нивниот месија Зоран Заев!

Заедно со претставниците на организацијата која се закануваше со терористички напади во Македонија, и прокламираше „слободна Албанска територија“ од Групчин до Дебар како дел од некаква Илирида, Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љупче Николовски, Едмонд Адеми и уште неколкумина партиски послушници се фотографирале во чајџилница во Сараево

zaev_cajcilnica-768x707

Претставниците на оваа „организација“, досега преку социјалните мрежи испраќаа повеќе „коминикеа“ во кои се закануваа дека доколку Македонија не испорача слобода за терористите од Диво Насеље, Смилковско Езеро, Бродец ќе започнат со терористички напади до формирање на Илирида.

Во едно од соопштенијата, истите објаснуваа дека ќе формираат народна милиција на Илирида која ќе патролира од Групчин до Дебар.

Ваквите фотографии на кои Заев се фотографира со претставници или помагачи на различни терористички организации од земјава и регионот, не е прва. Имено, Заев заедно со Спасовски и Едмонд Адеми се фотогрфираа и со помагачите на терористите од Диво Насеље, веднаш по завршувањето на анти-терористичката акција во која загинаа деветмина Македонски бранители.

bekim-aliju-zoran-zaev-108261

Неретко, во своите соопштенија Албанските терористички организации го спомнуваат Заев како нивен спасител и месија, и даваат безрезервна поддршка за лидерот на СДС. Од неодама, со истата реторика е и Бугарската јавност, која во Заев гледа човек кој ќе го убиел македонизмот.

 

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.