Животот ѝ висел на конец поради нешто кое сите го правиме секојдневно

47-годишна жена од Кина се здоби со згрутчување на крвта и заврши на итна операција откако го држела мобилниот телефон во рака 20 часа за време на патување со воз.

Жената патувала поради работа од провинцијата Хенан до градот Гуангжоу, пренесуваат локалните медиуми. Откако излегла од возот, таа се онесвестила и брзо била одведена во болница, каде докторите констатирале дека имала мозочен удар.

Докторите веднаш ја одвеле на операција за да ја отстранат згрутчената крв од нејзиниот мозок. Тие исто така кажаа дека жената имала двојно повеќе крв во мозокот во споредба со еден просечен човек.

Кога докторите даваа објаснување за состојбата на жената, главниот доктор од неврологија објасна дека во возот имало премногу луѓе, па жената морала да седи во иста позиција 20 часа. Нејзината глава била свртена кон десно гледајќи во нејзиниот мобилен телефон, што било дополнителен притисок на крвните садови на нејзиниот врат.

Ова е сè почесто заболување кај младите луѓе кои постојано ги чуваат во рака своите “смартфони”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.