Селот Бонче се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово и припаѓа на Пелагонискиот регион. Селото се наоѓа распослано помегу Селечка Планина од југозапад и Дрен планина од североисток. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од околу 800 метри. Од градот Прилеп Бонче е оддалечено 25км.
Во селото се наоѓа манастирoт посветен на Св. Јован Богослов, кој во последно време заживува и ги привлекува верниците од сите страни.
Благодарение на управата на манастирот, но и на голем број донации, моментално во манастирскиот двор се гради нова трпезарија и конаци.
Неуморно, со љубов кон Бог и силна верба иницијаторите секојдневно работат со цел да го заживеат ова место и да направат нешто што ќе биде од корист на сите.
Пред десетина дена на осми и деветти овој месец, во манастирот се празнуваше и денот на манастирот, празникот Св. Јован Богослов. Стотици верници од Прилеп и населените места, но и отселени поранешни жители на селото, со богата трпеза, песна, но и со литургија и молитва го одбележаа празникот.
Сите верници се добредојдени, а со довршувањето на конаците сите добронамерници ќе имаат можност и да преноќат.
До тогаш повик до сите претставници од бизнис секторот да помогнат ова место да добие убав лик, за традицијата и духот да продолжат да живеат.