Жешка бринета се бори за титулата најубава жена во БиХ: Нејзините фотографии ќе ве остават без здив (ФОТО)

Андреа Брачиќ од Мостар е во борба за титулата најубава жена во Босна и Херцеговина, како што пренесува “bbportal.info”.

Taa ќе се натпреварува во најпрестижниот избор за убавица “Miss Earth BiH”, a победничката на овој престижен избор ќе ја претставува Босна и Херцеговина на Филипините за избор на Мисс на светот.

Андреа има 21 година и студира односи со јавност на филозофскиот факултет во Мостар.

Оваа убавица веќе има впечатлива кариера во светот на моделингот и неодамна потпишала договор за заштитно лице на една од најдобрите модни куќи во Европа, словенечката “Лиска”.

Многумина и предвидуваат блескава кариера и во наредниот период оваа млада девојка од Мостар ќе сними два едоторијали за познати модни списанија. Исто така, таа е во преговори со уште еден од најпрестижните светски брендови.

Андреа за својата совршена фигура најмногу заслуга му дава на фитнесот и како што вели тоа е еден од најдобрите начини да се чувствува добро. Како што истакнува, покрај фитнесот, хоби и е читање.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.