Жесток одговор од ЈКП Комуналец Прилеп на обвинувањата во некои портали

Јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Прилеп, жестоко и со факти реагира на наводните обвинувања дека претпријатието се откажало од 20 милиони евра.

Bo продолжение ви ја пренесуваме целосната реакција на претпријатието:

“По објавувањето на текстот со наслов ,,Стопиран проект од 20 милиони евра за Ристески да гради компостара,, од новинарот Зоран Милошески, а пренесен од неколку Портали, должност ни е како одговорно Јавно комунално претпријатие, со основна дејност од јавен интерес, да одговориме на нападите кои се несуштински и наштетуваат на имиџот на ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп.

Во текстот се наведува дека ЈКП,, Комуналец,,-Прилеп, се откажал од 20 милиони евра во 2004-2005 год. за сегашниот Комуналец да си игра изградба на Фабрика за селекција на отпад и компостара. Сметаме дека ниту сте добро упатени во моменталната работа на Јавното претпријатие, па ниту сте побарале информација која уредно ќе Ви беше доставена, за да срочите текст, во кој, ќе го вметневте изворот на информацијата. Ако сте реални, и ако имате добри податоци, ако следите што работи Европа, или конкретно во моментов Хрватска, ќе увидевте дека и таму се напуштаат големите модели на управување со отпад, токму заради зголемената цена во таквото управување, и застарените модели во управувањето со отпад.

Заради примената на мерење на отпадот, кое од неодамна се прави во Македонија, и нашите секојдневни мерења на различни видови отпад, утврдивме дека количините се мали за проекција на такви центри. Во Македонија, нема такви количини на отпад за големи, скапи и нефункционални Санитарни депонии. Таквите гломазни Центри со претоварни станици, се покажаа како скапи во управувањето, токму заради транспортот на отпадот од една општина во друга.

Транспортот на отпадот некој треба да го плати , а кој, ако не граѓанинот. И најбитното, за кое не обвинувате и велите дека било формирано ЈП,, Тополчани,, а, непобитен факт е што такво Јавно претпријатие, ако постоело, а не гледаме дека имало некои активности во тоа време, бенефитот од тие преговори со Конзорциумите да го искористиме. Ни ние, ни било кој на земјинава топка не би отфрлил сработена работа, а да не ги искористи поволностите од истата. Ако тогашното ЈП работело, каде е сработеното, не е видливо, го нема, значи и не постоело. Според наши информации, и според тогашната територијална поделба, требало да членуваат голем број на општини, а општина Охрид од старт одбила да гласа за таков Проект кој во никој случај не бил во интерес на граѓаните.

Што направи ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, а кое што вам не Ви се допаѓа?! Не го даде управувањето со отпад на Јавно приватно партнерство, пред се да ги заштити граѓаните и стопанството. Не ги потроши собарните пари беспредметно и недомаќински, туку со соптвен кадровски потенцијал изработи Проект за секундарна селекција на отпад. За ваквите проекти било која агенција која работи на оваа проблематика би наплатила 1милион евра само за папирологија.

Напротив, скромно со сопствени средства го сработивме проектот ,,Примарана селекција на отпад,, со кој распределивме кај граѓаните 20 илјади корпи за отпадоци со инвестиција од 20 милиони денари, а по Јавно прометните површини и станбеното живеење како и кај стопанството поставивме на секој чекор еколошки острови кои опфакаат контејнери за комунален отпад и отпад за селекција. Набавивме возила за подигање на истиот, одржуваме Депонија како никаде во Македонија, градиме фабрика за секундарна селекција на отпад, која градба е во тек и моментално се работи на кровната конструкција, и е видлива, значи ќе ја има. Во делот за изведување на земјени, бетонски , армирачки и изолациони работи инвестицијата е 6.048.047,00 ден. Додека за челичната конструкција и покривни работи инвестицијата е 6.284.744.00 ден. Лимаро браварските, фасадерските работи се со инвестиција од 5.499.500.000,оо ден. Дополнително ќе се вложува, а тоа ќе зависи од финасиите во изведување на плато и оградување , административни простории, менза, набавка на дробилка за градежен шут со плато, и на крај изградба на компостара.

Набавената и исплатена Линија за селекција на отпад е во вредност од 14.695.500,оо денари од фирмата Техникс од Хрватска . И, уште имаме вложено во купување на земјиште од 40 757 м2 , со вредност од 2.934.448,00 денари, или по едно евро и двасет центи од метар квадратен. За компостарата точно е дека добивме Грант од Европските фондови од програмата за Меѓугранична соработка во вредност од 11 милиони денари. Мали пари да, во однос на вашите 20 милиони замислени евра, но наменски за машини и дел плато, а не за истражувања , кампањи, студии, елаборати. Ова се вложувања кои сме ги направиле, или ги правиме. Вкупната сума со која ја замајувате јавноста, а не обвинувате дека еднаш сме давале изјава дека ќе чини 1 милион евра, па во друга изјава 2 милиони евра, сме ја кажале за одредена фаза, што од работите е приоритет, што може да се исклучи како беспотребна инвестиција, а Центарот пак да работи.

Сето ова, Вие не можете да го разберете, зашто во вашите глави е тој фамозен проект, кој никогаш и немало да се реализира, токму заради политички , економски , бизнис интереси, различни гледања на јавноста , цената на чинење, транспортот, фаворизирање на одредени општини во однос на други и др. влијанија. Сето ова го оптеретува реализирањето на таквите проекти. Како и да е, камо да го имавме, па и члинел 20 млиони евра, но го нема, зашто е само фикција.

Кога е можно, и тврдите дека е, и обвинувате дека сме фрлиле по вода 20 милиони замислени евра, зошто не профункционира проектот во Струмица, зошто не профункционира во Полошкиот регион, а го работат шеста година, ни канта добија ни возило видоа, само се истражува , се преговара и толку. Што мислите дека сите овие години не дошле разноразни мисионери на посета во Комуналец. Сите биле со истата цел, да се прокетира отпад кој го нема, и секој недостаток на отпад за преработка или недоволна наплата од граѓаните да ја плаќа општината.

Доколку општината има пари да покрива одредени странски загуби, од каде би ги црпела тие пари, повторно од граѓаните. На крајот на краиштата, и Пелагонискиот плански регион каска во истражувања и изготвување на студии и проектна документација, каде по одредено време , ако проработи ќе се вклучи и ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп, но само во делот на депонирање на отпад кој не е за понатамошна употреба, но тие количини според наши проекции би биле од 10-15 % од вкупниот отпад.

Сега со речник на граѓанинот кој треба да не разбере. Што прави ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп?! Селектира отпад, шише по шише, картон по картон , пакување по пакување. Ништо посебно! Посебноста е што со наши граѓански пари ќе направиме Центар за управување со отпад. Во 5 години приходот од селектиран отпад е 50.000.000,оо денари, што ќе рече приходот сме го вложиле во поитребите за примарната и секундарната селекција. И, што е овде недомаќинлак. Реално, во старт би се вработиле 100 -тина работници, но кога ќе треба да се отвори и преработи отпадот од старата депонија ќе работат 200 луѓе. Поедноставно кажано, ние не ја замајуваме јавноста со замислени бројки, не ги оптоваруваме со Конзорциуми, и не ги убедуваме во приказната ,, Гладна кокошка просо сонила,,.

Во оваа прилика упатуваме порака до граѓаните, да продолжиме да селектираме, тоа го прави и светот, и да не мислиме или замислуваме во нашите глави дека за изградба на такви Центри потребни се 20 милиони евра. Потребна е работа, желба, голема организиација, свест и совест да се заштити граѓанинот. Ако веќе знаете, а гледаме дека незнаете што работи ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп, Ве прашуваме да ни одговорите.

Во таквата замислена Санитарна депонија со јавно приватно партнерство, колку ќе ги чини граѓаните и стопанството депонирањето на отпадот по тон. Таму се наплаќа по тон, за граѓаните да ги убедите дека ние сме го згрешиле системот на управување со отпад. За ова треба да ги информирате жителите на општина Прилеп со бројка, и да ги убедите во нашата несиправност, нечеснотија , играчки со отпад и исмејување за изградба на компостара. Ние знаеме олку, и вака. А знаеме, зашто признание за Проектот ни оддале од сите Балакански држави кои доаѓаат се информираат и сакаат да го применат. Како Јавно комунално претпријатие ,, Комуналец,, не дозволивме било која политика да ни се меша во управувањето со отпадот. Не дозволивме, и нема да дозволиме.

Со ова, Ви кажуваме дека нема да толерираме мешање на политики, надворешни влијанија и бизнис интереси во управувањето со отпад. Нашата порака до сите Политички партии е , политиките користете ги за политички цели, управувањето со отпадот оставете им го на граѓаните. Интересите на граѓаните ќе ги штитиме ние, вработените во ЈКП,, Комуналец,,-Прилеп, зашто и граѓанинот не штити и не плаќа, и веруват во нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.