Вчера граѓаните на “Чачорица”, денеска на “Жабино маало”, се израдуваа на ново асфалтираните улици во нивните населби во Прилеп.
Нов асфалт доби улицата “Tрајко Николоски” во должина од 700 метри, како и шест краци на оваа улица, во должина од 80 до 100 метри.
НАСЕЛБАТА ЧАЧОРИЦА ВО НОВО РУВО: Се асфалтира на повеќе локации (ФОТО)
Сето тоа со задоволство беше проследено од граѓаните на населбата “Жабино маало”, кои го поздравија овој потег.
Инаку улиците кои се асфалтираат се дел од проектот за изградба на пречистителна станица во Прилеп, па благодарение на овој проект, освен нова канализациона мрежа, граѓаните добија и нов асфалт пред нивните куќи.
А.Г.