Земјоделците во Република Македонија ја поминуваат најголемата голгота во изминатите 12 години. Политиката за “подобар живот”која за нив ја донесе СДСМ, значи багателни цени за откупот на земјоделските производи и немање пазар за пласман на производството.
Бостанот, праските, пиперките, доматите…. како никогаш до сега се продаваат за цени од 1, 5, 10 денари за килограм, а немањето на пазар за пласман доведе до тоа земјоделците често да ги истураат своите производи по улиците и доловите.
Земјоделец од кванташки пазар јавно проговори за голготата низ која поминува тој и неговото семејство, не можејќи да обезбеди леб за себе и своето семејство.
А/Г/