Тажна приказна за малата Манви…
Манви е 5-годишно девојче од Индија која со својата заштеда сакала да купи правда за својата мајка.
Всушност, таа дошла во полициската станица со касичка и ја понудила истата во замена полицијата да дознае што довело до самоубиството на нејзината мајка Сема.
Манви се надевала дека со тоа ќе ги охрабри да извршат истрага за да дознаат кој ја натерал нејзината мајка да се самоубие.
Семејството вели дека до тоа дошло поради нејзиниот татко, кој постојано ја малтретирал. Иако девојката доаѓала во полицијата да се жали, била игнорирана.
Потоа ја зела својата заштеда и ја донела во полиција.
Истражувањето покажува дека дури 70% од Индијците ги подмитуваат јавните службеници, па и самото девојче знаело дека тоа е вистинскиот пат до правдата.
Таткото на Манви сега е уапсен, додека останатите роднини се осомничени.
Погледнете го видеото:
А/Г/