“Едно име имаме, а сме различни за се друго! Македонија не’ обединува сите – затоа вечерва во 18ч за поддршка, ова е последна шанса да не’ има како држава!”

“Ве повикуваме во нејзино име на масовен протест да кажеме НЕ за промена на име и слобода за патриотите”, стои во поканата на Македонското Патриотско Здружение “Пере Тошев” по повод масовниот протест кој вечерва со почеток од 18:00 часот ќе започне пред камената бина на плоштадот “Александрија” во Прилеп.

На овој собир ќе се упатат пораки за зачувување на државното име на Република Македонија, ќе се побара уште еднаш ослободување на притворените за настаните во Собранието на 27 април минатата година, како и пораки против воведување на двојазичност на целата територија на државата.

Пред прилепчани вечерва се очекува да се обратат Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, професорката по историја Виолета Ачковска, поетот Ефтим Клетников и аналитичарот Сотир Костов.

Прилеп на нозе!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.