Првото бебе родено во 2018 година е женско, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Бебето е родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Станува збор за второ дете на Борјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко три килограми и 70 грама и долго 49 сантиметри.