Партијата Единствена Македонија, денеска на прес конференција изнесе податоци според кои застапеноста на Албанци во одредени државнии органи надминува и преку 50 отсто, што е далеку од рамката на рамковниот договор за правична застапеност.
Во продолжени интегрлен текст од пресот на претседаелот на партијата, Јанко Бачев:
Сакаме да упатиме драматична порака за бруталната албанизација на одредени органи каде застапеноста на Албанците надминува и 50 отсто.
Иако бројот на Албанците во државата е околу 14 отсто, за потребите на денешната прес конференција ќе ја земеме предвид официјалната бројка на Албанците од 25,17 отсто.
Зоран Заев секојдневно ја повторува фразата „едно општество за сите„ во кое треба да има соодветна и правична застапеност и на Албанците.
Меѓутоа, во заднина се случуваат работи кои не ги гледаат оние кои не се наоѓаат зад сцената.
А токму зад сцената, Заев за десетина месеци изврши вистински масакр во државната администрација, бидејќи, бројот на Албанците во некои институции надмина и 50 отсто кое нешто е надвор од рамката на рамковниот договор.
Еве неколку шокантни податоци за застапеноста на Албанците:
Во македонската влада од 2.722 вработени, Албанци се 1.535 или 56,4 отсто, Македонци се 672 или 24,7 отсто, а 515 вработени или 18,9 отсто се Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други.
Понатаму, во министерството за локална самоуправа дури 57 отсто се административци – Албанци, во министерството за економија 34 отсто, во министерството за животна средина и просторно планирање 30 отсто, во министерството за здравство 44 отсто, во министерството за култура 33 отсто, во министерството за образование и наука 28 отсто, во министерството за правда 30 отсто.
Единствена Македонија располага и со податоци според кои од 30 до 70 отсто се административци – Албанци и во повеќе самостојни државни органи (агенции, дирекции, комисии, заводи), како и во западниот дел во земјата во голем број посебни јавни установи и други правни лица, казнено поправни и воспитно поправни установи, јавни претпријатија, центри за социјална работа, единици на локална самоуправа, установи од јавното здравство, јавни културни установи, библиотеки, театри, музеи, основно, средно и високо образование, фондови… Потребно е многу време во сите овие спомнати институции да цитирам конкретни проценти на застапеност на Албанци, но, со еден збор, поразително е што во овие институции бројот на Албанците се движи од 30 до 70 отсто-административци.
Значи, во моментот имаме вистинска окупација на државните органи и институции со административци-Албанци!
Произлегува дека Република Македонија е уникатен пример, каде мнозинскиот македонски народ е изложен на дискриминција од страна на едно малцинство, во случајов албанското.
Треба ли повеќе да се зборува, како што веќе спомнав, замислете, во Владата на Република Македонија 56,4 отсто се вработени-Албанци, а 24,7 отсто се вработени-Македонци.
Рамковниот договор, кој и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свет, се спроведува на штета на Македонците.
Единствена Македонија и македонскиот народ очекуваат одговор од Зоран Заев, зошто спроведува брутална албанизација во државните органи на Република Македонија.
Не сакаме да бидеме погрешно разбрани дека попречуваме некое право на вработување, но, во овие услови, новата легална власт на Единствена Македонија ќе спроведе обратен процес на масовно бркање на Албанците од работа.
Исто така, новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја сосече во корен праксата на полнење на администрацијата според проценти, и доследно ќе го спроведе правилото-вработување во администрацијата врз основа на знаење, способност и достигнување.