“Еве како изгледа споменикот на ЌОСЕТО во Струмица” (ФОТО)

Неуките коментари на „експретската“ јавност дека Андон Лазов Јанов – Ќосето за прв пат излегол од „анонимност“ како резултат на „опсесијата“ на претходната влада со Македонските револуционери, па како резултат на тоа бил поставен и негов споменик во Скопје се во најмала рака неуки и ступидни

За прв пат, во Македонија поставен е споменик на револуционерот и војвода Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој важи за еден од најзаслужните борци на Македонската револуција за слободна, автономна и независна Македонија, токму во Струмица.

Споменикот е лоциран на тревната површина во Градскиот парк и преставува композиција од три скулптури од бетон, во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита и фигурата на Назлам, синот на струмичкиот бег. И трите фигури се поставени на плато.

Споменикот на Андон Ќосето кој се наоѓаше пред Врховниот суд во Скопје беше отстранет во 3 часот по полноќ во четвртокот минатата недела.

За тоа кој бил навистина Андон Ќосето, погледнете во видеото во продолжение:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.