Попладнево Тризла, една од најголемите населби во Прилеп, во која живее претежно ромско население, ја посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Пред стотиците граѓани на оваа населба Груевски говореше дека новата ера ќе донесе многу нови проекти за Прилеп и Тризла, како и илјадници нови работни места.
Им порача на граѓаните да го поддржат Марјан Ристески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел нивната населба и Прилеп да одат напред.
За време на говорот на Груевски, граѓаните скандираа со поддршка за Ристески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и еуфорично заиграа оро.
Ромите порачаа дека нивниот глас не може да се купи со брашно и масло и дека сакаат нови дела, нови улици, осветлување, нови водовдни мрежи.
Тие знаат дека токму Ристески направи премногу за нивната населба во изминатите 12 години, а особено се благодарни за изградбата на џамија, храм во чија изградба токму Марјан Ристески и локалната самоуправа доста помогнаа.