Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, Тевдовски влегува во министерскиот кабинет во Финансии, а Јован Деспотовски ќе биде министер за транспорт и врски или за информатичко општество во зависност од договорот со коалиционите партнери, дознава Press24 од високо позиционирани извори во СДСМ.
Екс амбасадорот Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Теута Арифи ќе ги поделат ресорите Евроинтеграции, Одбрана и Надворешни работи. Се чека договорот со ДУИ за да се дефинира кој каде ќе биде распределен.
Докторот неврохирург Венко Филипче е прв избор на СДСМ за Министерството за здравство доколку оваа позиција не ја добие партијата на Села која била заинтересирана за ресорот.
Од СДСМ нема официјална потврда освен партискиот став дека преговорите треба брзо да резултираат со договор. Заев има рок до 6 јуни да му ги достави на Собранието составот и програмата на новата Влада.
Извор: прес24