Македонија синоќа го порази домаќинот Алжир и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство за ракометари до 21 година. Овие млади момчиња не’ направија горди и ни донесоа огромна радост.
После натпреварот, вистински земјотрес ја стресе нашата соблекувална. Ракометарите и стручниот штаб силно запеаа “Едно име имаме” и ни испратија поздрав од северот на Африка.
Денеска целата македонска јавност го очекува дуелот со Франција, преку која се надеваме на влез во борбата за медал.
А/Г/