Сигурно барем еднаш ви се случило да ви стигне порака на Фејсбук, да ве “убива” желбата да видите што има во неа, но не сте сакале веднаш да одговорите бидејќи испраќачот ќе види дека сте ја прочитале пораката.
Не грижете се, постои едноставно решение за ова.
Додека другите апликации, како “WhatsApp” и “Viber”, имаат можност за исклучување на на опцијата “seen”, кај Фејбук тоа не е можно, но затоа постојат трикови кои носат ист ефект.
Вклучете “airplane mode”, потоа влезете во апликацијата Фејсбук Месенџер, прчитајте ја пораката и потоа исклучете ја апликацијата. Исклучете ја аплкаијата но со опцијата за чистење на меморија, бидејќи доколку на друг начин ја исклучите, на испраќачот ќе му стигне сигнал дека вие сте ја прочитале пораката.
Ф.Г.