Лидерот на италијанската партија “Лига”, изјави дека е отворен да формира владино мнозинство со партијата “Движњењето 5 ѕвезди” која е составена од евроскептици. Како што најави Салвини, во владата покрај партијата на Берлускони, најверојатно ќе влезе и движењето на евроскептиците.
Салвини изјави дека нема да формира влада со партиите од левиот центар. Партијата “Лига” го имаше најголемиот успех на изборите освојувајќи 18 проценти од гласовите или 4 проценти повеќе во однос на претходните избори. Заедно со Берлускони имаат 37 проценти што би претставувало најголема коалција во парламентот на Италија.
Според законот потребни се 40 проценти за да се формира власт, но сепак имајќи го предвид фактот дека останатите партии имаат помалку поддршка од споменетата коалција, аналитичарите се сигурни дека само Салвини може да ја формира владата.