ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЈА КАЗНИ МАКЕДОНИЈА: Ова е причината !

Ова Европско првенство ќе биде запаметено по големиот број скандали кои се појавуваат секој ден.

Европската ракометна федерација ја казни Македонија со 2.000 евра поради шаренилото во опремата на репрезентативците.

Една казна од 1.000 евра е изречена поради различните чорапи на македонските репрезентативци, а другата поради носењето на “дречливи гаќи”.

“Шаренилото” е воочено на некои играчи меѓу кои и нашата легенда Кире Лазаров и неговиот брат Филип. Меѓутоа, ова не е прв проблем со опремата кој македонската репрезентација го имала на големите натпреварувања. Ова досега е забележано и кај Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Филип Кузмановски…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.