Кандидатката за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гостивар, Дафина Стојаноска, денеска по деветти пат даруваше крв.
Жената која плени за време на политичката кампања и која ги обедини сите членовите на ВМРО, СДСМ, ДУИ и БЕСА во едно, е и голем хумнист и човек со големо срце.
Дарувањето на крв не познава вера, нација или политичка припадност, а Д-р Дафина го покажува токму тоа.
И додека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја презентира својата програма и визија за подобар живот во општина Гостивар, СДСМ им порачува на Македонците во оваа општина да гласаат за кандидатот на ДУИ.
Примерот на Дафина Стојаноска е за секоја почит, а нејзината храброст да излези како кандидат во општина која традиционално ја водат градоначалници Албанци, е неспорна.
А/Г/