Дрогата „крокодил“ се појави во Битола (Вознемирувачка фотографија)

krokodil-520x292

Полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога на СВР Битола пронашле МДПВ кај битолчанка. Оваа дрога забрзано го разорува ткивото. Хемиското име на дрогата е метилендиоксипировалерон или скратено МДПВ.

При претрес во домот на друго лице од село Трново, Битола, пронајденa билa непозната прашкаста материја, за која при вештачењето, било утврдено дека станува збор за 10,17 грама метилендиоксипировалерон. Истата дрога била пронајдена и кај братот на девојката од Битола.

Консумирањето „крокодил” предизвикува распаѓање на мускулната маса на тој што ја прима оваа дрога, а „новата ЛСД” предизвикува желба за канибализам.

Новата ЛСД се прави со мешање на некои супстанции со миризлива сол.

Каква дрога е крокодилот, каде се продава и како да препознаете човек кој ја консумира.

krokodill-520x273

Опасната синтетичка дрога „крокодил“ уште по првото консумирање почнува да го уништува човековиот организам и остава страшни последици. И покрај тоа, крокодил е многу популарен во наркоманските кругови, бидејќи е многу евтин – се прави од таблети за главоболка на база на кодеин, чија цена е две евра по пакетче и се прави во домашни услови, додека хероинот чини од 20 до 50 евра.

Името крокодил, како што веќе ви е познато, не е случајно, бидејќи на зависниците кожата им позеленува како на самите крокодили. Доколку ја не ја погодат вената, на кожата веднаш се појавува гноен чир. Во понатамошните фази отпаѓа месо, се гледаат коските – луѓето буквално се распаѓаат до смрт! Животниот век на зависниците е од 2 до 3 години.

Синтетичките дроги најчесто се рекламираат како хемиски производи наменети за медицински истражувања, а најдобро се продаваат како додатоци кои даваат енергија, односно лесни средства за еуфорија.

Најчесто се купуваат во форма на соли за капење, мирисни производи или ѓубриво за билки. Легални се бидејќи се увезуваат со предупредување дека не се за човекова употреба, а корисниците ги пијат, инхалираат, па дури и ги консумираат преку вена.

“Дизајнерските дроги се многу опасни, не може да се следат или да се држат под надзор, бидејќи имаат променлив состав. Само во 2014-тата година во Хрватска се откриени 18 нови дроги! Тестови кои би ги препознале новите опијати не постојат, па лекарите тешко можат да им помогнат на зависниците кои доаѓаат во болница, бидејќи никој не знае за каква супстанца станува збор.

Опасна е и еуфоријата, посебно во комбинација со алкохол, бидејќи доведува до застој во дишењето и смрт.

Извор: republika.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.