До каде стаса жална Македонија! Министер отвара ЛГБТ викенд?!

robert-alagjozovski-2-exp-640x427

Можеби не ги исполнија предизборните ветувања, односно веднаш по доаѓање на власт да ја зголемат минималната плата на 30.000 денари, да исплатат зголемени субвенции, да ја зголемат платата на лекарите на 100.000 денари, но за воља на вистината Владата на СДС си достои на зборот и ќе исполни едно ветување, а тоа е промоција на правата на хомосексуалците.

Имено, денес во Скопје започнува “Викендот на гордоста” организиран токму од ЛГБТ заедницата во Македонија, а новиот министер за култура ќе ја отвори изложбата “Касилс”која е составен дел од оваа “манифестација”.

Според членовите на ЛГБТ ова е историски чекор, односно за прв пат министер отвара манифестација организирана од нив, манифестација која во преден план ги има квир културата и прашањата за родот и сексуалноста.

robert-alagjozovski

„Сегашната влада уште во предизборието се заложи, се обврза дека ќе преземе серија чекори коишто ние ги имавме изложено како барања, а коишто сметаме дека се први, клучни и нужни чекори за подобрување на ситуацијата…”, вели еден од организаторите на манифестацијата.

“Целта на серијата настани во рамките на Викендот на гордоста во Скопје е да креираат простор за ненормативни форми на социјални светови, односно релации, идентитетски позиции, и телесни стилови, кои во рамките на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродени, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн”, додава тој.

И за крај треба да се запрашаме: ова ли се “вредностите” кои ќе ги заштитува и промовира Владата ?! Ова ли се приоритетите во работата на новата Влада ?!

Додека народот на улиците револтирано го бара она што му е ветено во предизборието, новата Влада гради “историја” преку промоција на ЛГБТ заедницата.

 

Видео: Макфакс

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.