Новиот документарен филм на серијалот “Патуваме низ долненска околија” на “Мариово филм” е посветен на Светиот крст над селото Новоселани, населено место кое се наоѓа на дваесетина километри од Прилеп.
12-метарскиот крст поставен на надморска височина од 1000 метри над селото е место од каде се простира една од најубавите глетки воопшто во Македонија.
Крстот е донација на бизнисменот и голем хуманист Владо Глигороски, кој родум е од ова населено место и човек за чии дела говорат сите. Ова свето место, како што вели Глигороски е дар за народот, како и сите негови донации во повеќе Свети храмови.
Поставувањето на Светиот крст во Новоселани започна со копање на камен темелник на 28 август 2016 година, на сам ден Голема Богородица. На 28 септември или денот кога се празнува христијанскиот празник Вера-Љубов-Нада, беше турен камен темелникот, а на 20 ноември во очи на празникот Св. Архангел Михаил во присуство на Владиката Петар, беше поставен и осветен Светиот крст.
Во продолжение погледнете го целиот документарен филм: