Некои луѓе се потат многу повеќе од нормалното, па за да го спречите истото мора да ги препознаете симптомите и да си помогнете самите себе.
Дамки на облеката
На облеката секој ден забележувате дамки од потење кои се протегаат од под пазувите до половината? Белите траги од сол се вообичаена појава за време на топлите и спарни денови, но ако ги имате овие дамки и по времето поминато во ладни простории се работи за претерано потење.
Потење под стрес
Влажни ви се дланките и делот околу пазувите кога мора да презентирате нешто или да завршите некоја тешка работа? Можно е да имате проблем со претерано потење предизвикано од стрес, а истото може да се препознае и по мирисот на потта, кој се јавува при овој вид на потење.
Рацете и нозете секогаш ви се влажни
Ако постојано ви паѓаат работи од раце поради влажните дланки, а стапалата постојано ви се влажни, без разлика на температурите, побарајте помош од дерматолог. Обратете се на лекар ако забележете дека потењето почнало многу да влијае на квалитетот на вашиот живот.
Решенија за претерано потење
– Нaучете се да нанесувате дезодоранс навечер пред да си легнете, кога потните жлезди се помалку активни, па состојките може подобро да се впијат и да дадат подобри резултати. По утринското туширање повторно ставете дезодоранс.
– Избегнувајте активности по жештини, особено меѓу 11 и 16 часот, кога сонцето е најјако.
– Посетете дерматолог и во консултација избере терапија која ќе ви помогне да лачете помалку пот.
– Исушете ја потта со помош на најновите технолошки достигнувања. MiraDry е состав кој го намалува потењето преку микробранови за дури 80%.