Добиле 60 милиони на лотарија: Среќата им траела кратко време и брзо биле спуштени на земја

Германецот Јенс Нуман (43) и неговата мајка секоја недела играле лото, а неодамна отвориле весник и виделе дека добиле 60 милиони евра!

Многу брзо, меѓутоа, биле брутално спуштени на земја.

Какои многу други фанатици играчи, Јенс и мајка му секоја недела ги уплатувале истите броеви. Кога на први април минатата година виделе во весникот дека се извлечени токму нивните броеви, почнале да слават бидејќи станале милионери.

Суровата вистина била сосема поинаква.

“Мислев дека ќе добијам срцев удар. За секој случај го проверувме телетексот, а таму стоеа сосема други броеви. Во весникот беа испечатени 5, 26, 30, 44 и додатните 3 и 9, а на телетексот стоеа 8, 14, 34, 40, 44 и 1 и 7. Отидов во киоскот и ги купив сите останати весници. Не можев да верувам”, рекол Јенс.

Од весникот им се извиниле бидејќи биле испечатени погрешни броеви, а Јенс бил разочаран.

“Секако, никому не му требаат 60 милиони евра, па ниту мене. Но, со задоволство би се решил од кредитот. За среќа, не купив веднаш спортски автомобил.”, се пошегувал Јенс.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.