На почетокот од оваа година се појави видео на кое човек зборува дека се враќа од иднината, поточно од 6000-та година и дека тој може да патува низ времето. Многу луѓе не му веруваа на неговите зборови, но тој истакнува дека ја говори вистината и како доказ нуди матна фотографија од иднината.
Иако сака неговата приказна да звучи убедливо, за време на интервјуто постојано повторува дека на луѓето ќе им биде тешко да веруваат, бидејќи и тој би реагирал така доколку се наоѓал на местото на “обичните луѓе”.
Видеото е објавено на Јутјуб каналот “ApexTV” на кој секојдневно се објавуваат паранормални појави, а до сега ова видео е прегледано 1,6 милиони пати. “Патникот низ времето” тврди дека во иднината отпатувал со помош на напредна технологија која постои и денес, но властите не сакаат да се дознае за тоа.
Тој тврди дека бил дел од таен проект на Владата, кој ги испраќал луѓето во иднината и ги враќал назад.
Погледнете:
Ф.Г.